Активности

🆕🌡 На високите летни температури остануваме во форма со вежбање од дома и се подготвуваме за следното вежбање на отворено! 🤸
🧘‍♀️ Во новото видео „Здрав живот со Драгана“ ќе го активираме секој мускул на телото и ќе си посветиме квалитетно време за себеси!
🆙Подготвени?
🆒Почнуваме!

🆕Разговор со Љубица Ангелкова од Inovativnost и Дејан Мишковски, Млад европски амбасадор и претприемач за неговиот пат на професионален развој.
🆙 Инспирарајте се и бидете најдобрата верзија од себеси. 🌟

Вчера, во Градски парк на Школка вежбавме, се дружевме, споделувавме совети и најдобри практики заедно со Драгана и Елена Бубало!
Бевме активни и се инспириравме меѓусебно. Ве предизвикувамe и вие да ни се придружите на следното вежбање.

 

 

 

Крива Паланка, Плоштад пред општината, 25-26 јуни

Петок, 25 јуни 2021

21:00

Краток MK филм: Неонски срца, режија Ана Јакимска, 16 мин

21:30

БРАТ МИ БРКА ДИНОСАУРУСИ (1 ч. 41 мин., Италија, 2019)

Кратка содржина: Џек отсекогаш посакувал да има помал брат со кого ќе си игра и кога Џио ќе се роди, неговите родители ќе му кажат дека неговиот брат е „посебно“ дете. Тогаш Џио станува суперхерој со волшебни моќи во имагинацијата на неговиот поголем брат, како што се суперхероите од стриповите. Со време, Џек ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, и одлучува ова да го чува како тајна. Кога ќе тргне во средно училиште и ќе ја запознае својата прва љубов Аијана, тој го крие постоењето на Џио од неа и од своите нови пријатели. Но набрзо вистината излегува на виделина и Џек сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни. Награда за најдобар филм за млада публика на Европската филмска академија во 2020 година.

Разговор со Ивана Василевска Петровска, едукатор за деца со посебни потреби, експерт за инклузивно образование и потпретседател на Македонското научно здружение за аутизам.

Тема: Живот со лица со Даунов синдром и лица со посебни потреби, предрасуди и стереотипи.

Трејлер за филмот:

 

Сабота, 26 јуни 2021

21:00

Краток MK филм: Змија, режија Андреј Волкашин, 20 мин.

21:30

РОКА ГО СПАСУВА СВЕТОТ (1 ч. 41 мин., Германија, 2019)

Кратка содржина: Храбра, смешна, единствена – тоа е Рока! Рока е 11-годишно девојче што живее уникатен живот. Таа живее со татко си, кој е космонаут, и кога ќе биде испратена да живее во Хамбург со нејзината баба за таму да учи петто одделение, Рока се спријателува со некои од локалните бездомници и со некои од своите соученици што се отфрлени и се жртви на булинг и им помага на овие загрозени групи, идентификувајќи се себеси како мистериозен пилот што спасил авион, предизвикувајќи медиумско внимание и станувајќи интернет-инфлуенсер и користејќи ја платформата за да ги поттикне луѓето да бидат пољубезни и повеликодушни.      

Истовремено, таа се обидува и да го освои срцето на својата баба. Поради нејзиниот непресушен оптимизам, Рока докажува, заедно со нејзините нови пријатели, дека дури и детето има моќ да го смени светот. 

Разговор со Васко Маглешов, новинар, добитник на награда за најдобра истражувачка сторија и автор на прирачникот за дезинформации и критичко мислење за ученици.

Тема: Насилство меѓу младите, проблеми на неприфаќање, причини и алтернативи.

Трејлер за филмот:

 

Струмица, Градски парк (дом на АРМ) 3 – 4 јули

Сабота, 3 јули 2021

21:00

Краток MK филм: Налепница, режија Георги Унковски, 19 мин.

21:30

СЛАВА (1 ч. 41 мин., Бугарија, 2016)

Кратка содржина: Бугарски железничар што живее повлечен живот наоѓа милиони истурени врз пругата и ѝ ги предава на полицијата. Кога шефицата на Министерството за транспорт, Јулија Стаикова, одлучува да го искористи за пренасочување од корупцискиот скандал, неговиот едноставен живот станува жртва на бирократската мелница.

Разговор со Златко Ѓелевски, филмски критичар.

Тема: корупција, криза на демократиите, недостаток од емпатија и дехуманизација и невидливоста на „малиот човек“.

Трејлер за филмот:

 

Недела, 4 јули 2021

21:00

Краток MK филм: Скопје 2020, режија Радован Петровиќ, 21 мин

21:30

КОЖУРЕЦ (1 ч. 39 мин., Германија, 2020)

Берлинската населба Кројзберг e микрокосмосот на Нора. Нора е тивок набљудувач, тивко присутна на забавите, в училиште, на базен, на покривите и во апартманите. Заедно со постарата сестра и со пријателите „се шлае“ по здодевниот пејзаж на станбените блокови, набљудувајќи ги девојчињата што сакаат да бидат витки и убави, момчињата што „тресат“ глупости само за да провоцираат или затоа што се вљубени. Но Нора на посебен начин го набљудува светот околу себе и кога ќе ја запознае Роми, ќе сфати зошто. Има музика во воздухот, телото на Нора се менува, а гасениците излегуваат од своите кожурци. Од перспектива на главната протагонистка, филмот бележи едно лето на промени. Приказна за созревањето и сексуалното будење, урбана ЛГБТ-драма и љубовна приказна меѓу две девојки.

Разговор со Мери Цветковска, експерт за вклучување на сексуално образование во редовно образование и координатор за млади во ХЕРА.

Тема: Созревањето и хомосексуалната љубов, сексуален идентитет

Трејлер за филмот:

 

Струга, Центар за култура / летна сцена 9 – 10 јули

Петок, 9 јули 2021

21:00

Краток MK филм: Љубовникот, режија Игор Иванов, 8 мин.

21:30

ХАКЕР (1 ч., 37 мин., Данска, 2019)

Кратка содржина: 13-годишниот талентиран хакер Бенџамин открива дека мајка му не починала во сообраќајна несреќа пред многу години, како што му било кажано. Трагата посочува кон високи службеници во данската тајна служба, па Бенџамин заедно со својата нова другарка Савана тргнува на стресна потрага да ја дознае вистината за исчезнувањето на неговата мајка.

Разговор со Александар Јосифовски, мрежен инженер, учесник во гејминг настани и турнири.

Тема: најчести форми на злоупотреба на интернет и темната страна на дигиталната технологија, ризици и потенцијални опасности на интернет и дигитални медиуми, зависност од интернет и дигитални технологии.

Трејлер за филмот:

 

Сабота, 10 јули 2021

20:30

ПАТЕШЕСТВИЕТО НА ПРИНЦОТ (1 ч., 17 мин., Франција, 2019)

Кратка содржина: Патешествието на Принцот е напната анимирана авантура поткрепена со богата визуелна слика на фантастични светови и со промислена приказна за тековните дилеми на современиот свет. Стравот од различноста, (не)еднаквоста на различните култури, зачувувањето на природата, односот кон добрината и улогата на човекот во светот се само дел од темите што ги опфаќа филмот. Анимиран филм за деца и возрасни.

Работилницата за филозофија со деца (наменета за деца над 8 години) со д-р Мартин Поповски, пионер во областа на филозофијата со деца во земјата.

Цел на работилницата е низ филозофска промисла инспирирана од филмската уметност, да ги негува и развива детската вчудовиденост, љубопитноста, критичкото и творечко мислење и имагинацијата, врз база на принципот „не постои погрешен одговор“, без притоа детето да биде наведувано или да му бидат наметнувани гледишта и ставови кои самото низ својот критички апарат ги нема промислено. 

23:00

Краток MK филм: Градина од камен, режија Даријан Пејовски, 12 мин

Трејлер за филмот: