„ОБЕДИНЕТИ ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ: МЛАДИТЕ И МОДЕРНАТА КУЛТУРА“

 

Ве покануваме да се придружите на уникатната и возбудлива серија на онлајн настани создадена од Младите европски амбасадори од Западен Балкан. По успешните настани за младите и човечкиот капитал, како и за животната средина и климатските промени, со гордост ви го најавуваме третиот настан „ОБЕДИНЕТИ ВО РАЗЛИЧНОСТИТЕ: МЛАДИТЕ И МОДЕРНАТА КУЛТУРА“ кое ќе се одржи на 28 јануари во 18 часот via Facebook Live WeBalkans.

Третиот настан е посветен на нашиот убав регион, неговиот туристички потенцијал, култура, креативност и уметност. Амбасадорите ги покануваат сите млади луѓе да им се придружат во славењето на културата на регионот на Западен Балкан, разговарајќи за можностите за талентирани млади луѓе, но исто така да се негува и прослави културната разновидност помеѓу младите. Овој настан ќе вклучи некои од најуспешните ѕвезди како добитничка на наградата Златна мечка и режисер Јасмила Жбанич, пеач и музичар Марко Луис и европската филмска “shooting star” Сара Климоска, како и општествениот и културен активист и експерт за меѓународни организации кој ја поддржува културата и туризмот – г-ѓа Мојча Криспер Фигеро од Европска комисија, г-дин Никос Парастатидис од Регионалниот кооперативен совет, г-ѓа Анџела Џокич од „My Guide Montenegro“ и Ирини Пала, основачот на „AlbWorld”.

Заедно и обединети во различностите, ве покануваме да ни се придружите, да ја споделите иницијативата преку вашите канали на социјалните мрежи и да се вклучите во настанот за заеднички да споделиме порака на единство – различностите не спојуваат, културите не обединуваат!

Линк до агендата на настанот: https://www.webalkans.eu/en/yea/events/united-in-diversity-youth-and-modern-culture/

Линк до пренос на Фејсбук: https://www.facebook.com/webalkans.eu

Линк до пренос на Инстаграм: https://www.instagram.com/webalkans_eu/

Млади европски амбасадори – Иницијативата е дел од Регионалната комуникациска програма на Европската унија за Западен Балкан, започната во август 2020 година по привлекување на 400 апликации од целиот регион, кои добија повеќе од 80,000 гласови од нивните поддржувачи. Крајните 60 победници – Младите европски амбасадори се креативна мрежа на идни млади лидери од територијата на Западен Балкан (Албанија, Босна и Херцеговина, Косово*, Црна Гора, Северна Македонија и Србија). Тие се интересираат да научат повеќе за ЕУ вредностите и промовирање на можностите кои ги нуди ЕУ, но исто така желни да споделуваат и застапуваат различни теми како интеркултурно учење, заеднички регионални младински иницијативи, иницијативи на локални заедници, уметност и култура, спорт, дигитална технологија, заштита на човекови права и конкретно во овој настан – младите и модерната култура.