Events calendar

  • 01
    01/03/2021

    13:00
    01/03/2021

    Анита Кирковска и Марина Трајковска се девојки кои посветено инвестираат во личниот и кариерниот развој, а со тоа ги поттикнуваат претприемачкиот дух кај многу други амбициозни млади жени. 🆙

    Преку практични примери, дознајте како може да ја зајакнете 💻дигиталната писменост и добиете вештини за успех во дигиталната сфера. 📈▶️

  • 08
    08/03/2021

    All day
    08/03/2021

    Hа трите локации на Europe House  се одржаа дискусии обединети во една тема – родова еднаквост. 🤝
    👉Во Струмица не` инспирираа младите амбасадорки Сара Ристеска, Срдиќ Дона и Александар Каратошо.
    👉Во Крива Паланка: Валентина Јанковска, Натали Велевска и Љубица Ристовска, 3️⃣ инспиративни жени професионалци во различни области го споделија своето искуство со 8 млади локални девојки.🆒

  • 08
    08/03/2021

    10:00 -12:00
    08/03/2021

    Денес во Europe House Скопје се одржа панел дискусија “Ромската жена во 21ви век: Mожности, придонеси и предизвици” на која присуство заземаа и Г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска и Г-дин Дејвид Гир, шеф на делегација на 🇪🇺.
    Се разговараше за создавање на поволна средина и зголемување на свеста кај општата популација, да се надминат бариерите, со цел поголема инклузија на жените Ромки. 👏
    За придонесот и поддршката за унапредување на правата на жените и девојчињата Ромки, коалицијата Khetane.mk му врачи благодарница на 🇪🇺 Амбасадор. 🤝

  • 10
    10/03/2021

    12:00 -13:00
    10/03/2021
    Во живо следете го финалето на натпреварот Евроквизија.
    20 финалисти – средношколци од 🇲🇰 ќе се натпреваруваат за првите три места на турнирот од Europe House.
  • 12
    12/03/2021

    All day
    12/03/2021

    Учество на младите во создавање на подобро општество и нивно вклучување во процесите на донесување одлуки, како и инвестирање во личен развој беа дел од темите на вчерашната мотивациска дебата 🆙 „Патот до успехот“ во Europe House Крива Паланка.📍