Europe House Book Club - Europe House

Europe House Book Club

Date and time: јули 27, 2022 - септември 14, 2022

View More
По примерот на големите книжевни Европски метрополи – Париз, Берлин, Прага, Рим сакаме да создадеме патувачка машина која ќе не понесе на истражување на Европските земји и култури.
Летното време е идеално за нови мисловни патувања и полнење на креативните батерии. Затоа го креиравме нашиот Book Club во кој ќе го започнеме разговорот околу книгите – но тој ќе води до подлабоки позначајни врски кои секогаш формираат доживотни пријателства.. Придружете ни се и откријте широк спектар на нови книги, нови автори, нови пријатели, запознајте се со авторите, со преведувачите и на крајот дознајте и нешто ново за себе.
Нашиот Book Club е во рамки на „Вавилон“ наградата за најдобар млад книжевен преведувач, а ќе го води проф. Владимир Мартиновски. Владимир е поет, раскажувач, есеист, теоретичар, преведувач и Амбасадор на „Вавилон“ наградата за Млад книжевен преведувач. Професор на Катедрата за општа и компаративна книжевност, при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Сликар и љубител на музиката. Личност со која книжевните разговори секогаш добиваат поголема димензија опфаќајќи теми од уметноста, културата и општественото живеење.
Така што, ако твојот фокус на интерес е некоја од овие теми, одбери го датумот и книжевното дело и те чекаме на ново заедничко патување.
Книжевниот клуб ќе се одржува во просториите на Europe House Skopje и првите средби се закажани за:
📚27 јули (среда) „Бизарни раскази” од Олга Токарчук (превод: Лидија Танушевска, издавач: Антолог, 2022, стр. 220)
📚17 август (среда) „Нешто ќе се случи, ќе видиш” од Христос Иконому (превод: Петар Андоновски, издавач Или-или, 2021, стр.197)
📚14 септември (среда) „Италијански приказни” од Итало Калвино (превод: Радица Никодиновска, Издавач: Три, 2022, стр. 948)
Почеток: 18:30ч
За секоја од сесиите претходно е потребно да се пријавите најдоцна ден пред датумот на кој сакате да присуствувате: euinfo@euhouse.mk
Местата ни се ограничени.
Со задоволство ви посакуваме добредојде во нашиот мал, но широкоград Book Club!
Subscribe To our newsletter!