Денешната едукативна работилница ја посветивме на образовните системи и можностите за работа за млади лица во земјите на ЕУ.
Млади лица од регионот кои преку Erasmus + програмата биле на едукативна размена или пракса во земјите на ЕУ ги пренесуваат своите искуства и информации на младите лица кои би сакале да бидат дел од едно вакво Erasmus + искуство и да се запознаат со образовните системи и работните пракси од земјите на ЕУ