Одбележан меѓународниот ден на толеранција – 16 Ноември – во Europe House Крива Паланка

✅Толеранцијата ја дефинираме како почит,прифаќање и негување на различностите кај различните култури,форми на само изразување и различните начини да бидеме луѓе.
📍Преку работилницата за млади на тема толеранцијата и нови генерации за мир и конструктивен диалог организирана по повод меѓународниот ден на толеранција – 16 Ноември во соработка со Center for Intercultural Dialogue (CID) се ставивме во многу различни ситуации со кои можеби никогаш лично не сме се соочиле и пробавме да ги сфатиме различните потреби кој секој еден од нас ги има за да може да има квалитетен живот.
🔗На оваа работилница присуствуваа и гости – интернационални волонтери од Црна Гора од организацијата YOUth Ambassadors of Non-Formal Learning со кои споделивме различни пракси за тоа како се негуваат различностите и како се практикува толеранцијата во нивната земја, а воедно уживавме во мултилингвистичката атмосфера во 🌟Europe House Крива Паланка🌟.
СОУ Ѓорче Петров – Крива Паланка