Студентски креативен предизвик!

Ајде заеднички да го искористиме времето кое го имаме на располагање дома, за нешто
креативно.
😊 Europe House Skopje во соработка со Creative Talks те повикува да се вклучиш во
креативен предизвик, поддржан од Делегацијата на Европската Унија!

Направи креативно дело на тема „Мојата оптимистична порака“ како форма на позитивна                                                          инспирација во борбата против COVID-19, испрати ја на euinfo@euhouse.mk * и вклучи се во предизвикот!

Форматот на делата нема ограничувања – направи твој дизајн, фотографија, песна,
видео…Изборот го оставаме на тебе!

Единствените услови кои мора да ги исполниш за да се вклучичш во предизвикот се:
Да си студент на еден од Универзитетите на територијата на земјава или некоја од
академиите на Brainster;
Делото да е авторски твое и да не е копија на постоечко дело;
Делото кое ќе го испратиш во моментот на испраќање да не е постаро од денот на
објавување на повикот (20.04.2020).

Жирито со претставници од Europe House Skopje, Creative Talks и Академијата за дизајн на Brainster
ќе направи потесен избор oд 20 дела, од кои потоа со гласање на публиката ќе бидат одбрани
најдобрите.

За најдобрите тројца следуваат парични надоместоци во бруто износ од:
1 место: 350 евра
2 место: 200 евра
3 место: 150 евра

За дваесетте финалисти ќе биде организирана изложба во просториите на Europe House Skopje по
завршувањето на рестрикциите поради COVID-19. Тројцата добитници ќе бидат објавени на Фејсбук                                         
профилот на Europe House Skopje на 16.06.2020.

Пријавувањето трае од 20.04.2020 до 15.05.2020. Го чекаме твоето креативно дело! 😊

*Максималната тежина на фајлови испратени во форма на атачмент е 15 MB. Сите фајлови поголеми од 15MB е
потребно да се испратат прикачени на Google Drive или друга платформа за испраќање на фајлови (wetransfer, sendspace
и сл.)