#8 Tamara Ristoska invites Marija Apchevska

🔊Во #8 Подкаст со Тамара Ристоска гостуваше Марија Апчевска – Режисер на „Бардо“, „Амби“, „Зоки Поки“ и „Северен пол“. „Северен Пол“ e избран меѓу 10 краткометражни филмови во официјална селекција на Кан (прв пат во историја на 🇲🇰 кинематографија).

#6 Tamara Ristoska invites Katerina Stefanovska & Krume Stefanovski

🎧Во #6 подкаст со Тамара Ристоска зборуваме за слободни театарски форми на изразување, желбата за поразвиено општество за младата популација и едукација и поттикнување на иновативните методи.
🎙Катерина Стефановска работи во областа на културата како координатор на културни настани, а Круме Стефановски е актер и музичар, основач на театарската група за сенки и облици. Двајцата секогаш се во потрага по нов и свеж израз и затоа се одлични говорници на оваа тема.

Podcast #3 Tamara Ristoska invites Visar Mehmedi

Висар Мехмеди – музичар, артист

-Aka Thesuar (уметничко име) Вера Вендета (уметничко име) дрег кралица.

Има завршено средно музичко, прв самостоен концерт во Музеј на современа уметност (2019)

Podcast #2 Tamara Ristoska invites Elena Dzajkoska

Елена Џајковска – готвач, инженер

Основач на ресторанот Гранче, по професија е инженерка по телекомуникации и по 10 години вработена во Телеком, одлучува да отвори ресторан (Гранче). Традиционална македонска храна со модорен твист.

Гранче има различен систем на функционирање. Се служи само со свежи, сезонски и локални производи. Целиот концепт се заснова врз анти-индустријализација на храна.

Podcast Tamara Ristoska invites actress Sara Klimoska

🆕 Europe House подкаст 🎧

Секој втор понеделник со нов медиум со цел да поканиме гости од различни сфери на урбаниот живот, да покриеме широк спектар на актуелни теми кои се пред сѐ од интерес на младите.
Како модератор🎙Тамара Ристовска – млада театарска и филмска актерка, позната на пошироката јавност по серијата „Марковски“.🎞
Наш #1 гостин е младата и талентирана актерка Сара Климоска, добитничка на ⭐️„Шутинг старс“ (Shooting Stars), што ја доделува платформата Европска филмска промоција (ЕФП).🇪🇺🎥

Subscribe To our newsletter!