Europe House во Крива Паланка и Струмица

Брендот „Europe House’’ се шири низ државата! „Места за новата генерација’’ отворени во Крива Паланка и Струмица!

Поттикнати од позитивното искуство при реализација на активностите во Europe House Скопје, Делегацијата на  Европската Унија, во партнерство со општините, отвора Europe House во Крива Паланка и во Струмица кои ќе работат во истиот дух, но со акцент на локалните предизвици и потреби. Сите овие чекори целат кон зајакнување на гласот на младите во општеството и нивен поттик сè повеќе да играат активна улога во идентификување и решавање на предизвиците. 

Просторот е концептуално дизајниран за да служи како место каде се поттикнува дебата и критичко размислување, се стимулира иновативност и генерирање на нови идеи, се инспирира соработка и вмрежување меѓу младите и различни сегменти, што вклучуваат претприемачи, млади иноватори, креативци и притоа се промовираат европските вредности. Europe House игра улога на централен хаб за информации и настани од интерес на младите, како и за информации во однос на помошта на ЕУ во земјава.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО EUROPE HOUSE – МЕСТО НА НОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА.

.