ПОДКАСТ со Тамара Ристоска! Гостин Artopia –невладина организација со седиште во Скопје.
Формирана е во 2016 година. Цели на организацијата се продуцирање културни настани, со посебен акцент на изведувачките уметности, отварање на нови можности за творење за младите уметници и нивна поддршка, вмрежување со сродни организации, едукација и имплементација на уметничките алатки во општествен контекст, со цел- вклучување на маргинализираните општествени групи во решавање на секојдневните предизвици.
Главната програмска активност на организацијата е да се охрабрат младите уметници од нашата земја, да креираат и реализираат културни активности, а во исто време да им се овозможи и едукација и можност да ги реализираат своите идеи.
И покрај тоа што организацијата е прилично млада, членовите на Артопија се професионалци (актери, режисери, продуценти) и веќе долго време се присутни и успешни во полето на театарската уметност.
Во моментот организацијата има 8 активни членови, 10 надворешни соработници и волонтери кои се вклучени во реализација на активностите.
Од моментот на формирање (23.03.2016) до денес, Артопија ги има продуцирано следните театарски претстави:
*Да го поздравиш и да ми го бациш, режија Билјана Радиноска
*Експеримент, режија Јане Спасиќ
*Ужегнатост, режија Владимир Милчин
*Д шииит, режија Ирем Ајдин
*Кожурец, режија Билјана Радиноска
*Мајсторот за спомени, режија Јане Спасиќ
*ГЛУМиЦИ, колективна режија