За #4 издание на Europe House подкаст серијалот ни гостуваат младите глумци од ансамблот на Театарот за деца и младинци.
Никола Наковски чија љубов кон театарското дело е нескриена и актерскиот занает го врши со огромен ентузијазам!
Матеа Јанковска – активна на театарската сцена и големото платно, храбра и креативна која успева да ја разбуди публиката со секој настап, но како што вели таа, кога се работи со деца, одговорноста е поголема.