#53 Tamara Ristoska invites Pi Theater - Europe House

28 Nov

BACK

#53 Tamara Ristoska invites Pi Theater

#53 Tamara Ristoska invites Pi Theater

Театар ПИ е невладина, непартиска и непрофитна организација, основана од Златко Митрески и Македонка Илиевска, двајца творци и водачи на Пи кои со текот на годините формираа и привлекоа цела мрежа на едукатори, уметници, психолози и сл.

Театар Пи првично произлезе од група скопски професионални уметници кои беа посветени да работат инклузивно во рамките на нивната посебна форма на уметност. Златко и Македонка, почнаа да експериментираат на различни начини и методи со различни уметници. Овој театар работи со лица со интелктуална попреченост, типичен и атипичен развој. Нашите корисници се на возраст од 14 до 45 години со или без театарско искуство. Се користат мултимедијални алатки кои се тесно поврзани со театарот, музиката, сликарството за да се развие поголема свесност за себе и општеството.

Преку уметноста до поголема вклученост на маргинализираните групи во општествениот и културниот живот. Сесиите на работилниците резултираат со серија кратки изведби наменети за уметници со посебни потреби кои имаат можност да ги развијат своите вештини, додека создаваат нова достапна форма на театар.

Стилот на Тетар Пи се развива со текот на годините, но отсекогаш имал за цел да и даде на публиката нешто поинакво, правци на пристап до претставата, овозможувајќи им на сите  да имаат квалитетно театарско искуство. 

Subscribe To our newsletter!