2022 „CINEDAYS ЗАГРЕВАЊЕ - ЕВРОПСКО ПАТУВАЧКО КИНО ПОД ОТВОРЕНО НЕБО“ - Europe House

2022 „CINEDAYS ЗАГРЕВАЊЕ – ЕВРОПСКО ПАТУВАЧКО КИНО ПОД ОТВОРЕНО НЕБО“

Date and time: јуни 13, 2022 - јуни 25, 2022

View More

 

 

 

Валандово, пред сала „Јанко Узунов”, 13 – 14 јуни 2022

 

Понеделник, 13 јуни 2022

20:30

ПРОБЛЕМОТ НА ТИНА, режија Радован Петровиќ, 15 мин

Во филмот се раскажува за 22-годишната Тина, која откако ја губи невиноста оди на првиот гинеколошки преглед. Сценариото на филмот е на Румена Бужаровска

21:00

ЛАВКАТ (LOVECUT) режија Илијана Естањол, 94 мин

Преку различни вкрстени приказни, ЛАВКАТ зборува за три тинејџерски двојки и нивните конфликти со идентитетот, љубовта и сексуалноста во нашето дигитално општество на брзи промени, кое нуди многу можности, но и екстремни предизвици. Она што го гледаме е слика, извадок од нивниот живот и љубовни приказни. Обид подобро да се разбере смелата младост на нашето време и општеството во кое живееме.

Разговор со Лилјана Пецова Илиеска, основоположник на ИМПЕТУС – Центар за интернет, развој и добро владеење, Програмски директор за приватност и интернет и една од основачите на Тематскиот форум за владеење на интернет; заштита на приватноста и личните податоци на тинејџерите на интернет.

Тема: животот на тинејџерите и нивните врски во денешницата и како врз нив влијае интернетот; заштита на приватноста и личните податоци на интернет.

Модератор: Влатко Галевски, филмски критичар

Трејлер:

 

Вторник, 14 јуни 2022

20:30

БЛУЗОТ НА ФАРМЕРОТ, режија Ибер Деари, 15 мин

По смртта на татко му, Ведат и неговиот син се соочени со долгот што им го оставил и се приморани да продадат нешто што им е драгоцено, за да го исплатат.

21:00

СМЕНАТА (THE SHIFT), режија Алесандро Тонда, 83 мин

Брисел. Еден и Абдел, две 17-годишни момчиња, упаѓаат во нивното училиште за да извршат самоубиствен терористички напад, но Абдел се разнесува пред предвиденото време, повредувајќи го Еден во експлозијата. Изабел и Адамо, двајца болничари пристигнуваат на местото на настанот и го наоѓаат Еден повреден и онесвестен. Го товарат во амбулантата, незнаејќи дека тој е еден од терористите. На пат кон болница, тие сфаќаат дека Еден носи појас со експлозив, но веќе е доцна: Еден одеднаш се буди! И покрај повредите, младиот човек ги држи како заложници заканувајќи им се дека ќе ја активира бомбата и му наредува на Адамо да продолжи да вози. Со својот дебитантски долгометражен филм, Алесандро Тонда го наоѓа вистинскиот тон да се зафати со горливото тематско прашање без да се откаже од забавата за публиката.

Разговор со Жарко Трајаноски, теоретичар, активист за човекови права и колумнист

Тема: насилен екстремизам и радикализам, тероризам. Млади екстремисти и радикали

Модератор: Влатко Галевски, филмски критичар

Трејлер:

 

Китино Кале, 18 – 19 јуни 2022

Сабота, 18 јуни 2022

20:30

ПРАШЛИВИ ЦВЕЌИЊА, режија Мирослав Илиќ, 15 мин

Сентиментална жена, која по неколку неуспешни обиди да има свое биолошко дете, принудена е да се откаже од антидепресивната терапија, затоа што ја намалуваат нејзината фертилност.

21:00

МАРЕ (MARE), режија Андреа Штака, 84 мин

Рутински, но со посветеност, Маре го води скромното домаќинство на своето мало семејство, иако нова машина за перење не е единственото што недостасува. Кога случајна средба ќе го разгори нејзиното либидо, таа не се воздржува долго.

Разговор со Марија Димитрова, наградувана филмска продуцентка

Тема: Жените во филмот, зголемување на женското учество во филмската индустрија

Модератор: Златко Ѓелески, филмски критичар

Tрејлер:

 

 

Недела, 19 јуни 2022

20:30

НОВИОТ ПОЧЕТОК, режија Тања Симоновска, 15 мин

23-годишната Ана по смртта на родителите се сели во Скопје во потрага по нов почеток.

21:00

НАДЕЖ (HOPE),  режија Марија Содал, 130 мин

Содржина: 43-годишната Ања и 59-годишниот Томас имаат големо семејство биолошки и посвоени деца. Веќе неколку години, тие се имаат отуѓено еден од друг, живеејќи и работејќи во паралелни светови. Кога Ања открива дека има терминална фаза на рак, нивниот живот се распаѓа и ја разоткрива занемарената љубов. Сама со своите тага и стравови, Ања сфаќа дека ѝ е потребна помош и поддршка од Томас. Тоа е нивната единствена шанса. Како инаку нивните деца ќе најдат сила откако таа ќе замине, ако нивните родители не можат заедно да одат низ бурата? Ања и Томас се присилени да најдат решение за меѓусебна доверба, а на крајот заедничка борба, да се справат со неочекуваната и прерана смрт. Но, откако повторно ќе се најдат еден со друг, тие  стануваат главни ликови во љубовна приказна и учат вистински да се сакаат по долгиот заеднички живот.

Разговор со Наташа Дамјаноска, претставничка од Институтот за брак, семејство и системска пракса „Алтернатива“Тема: Болест во семејството и начини на справување.

Модератор: Златко Ѓелески, филмски критичар

Tрејлер:

 

Штип, летна сцена на Домот на млади, 24-25 јуни 2022

 

Петок, 24 јуни 2022

20:30

PAW LAW, режија Тамара Котевска, 18 мин

Просечно куче скитник има 99 проценти волчи гени и е природен ловец. Но кучињата заборавија како да ловат кога луѓето ги довеле во цивилизација. Сега се оставени сами на себе во немилосрдните раце на шинтерите.

21:00

АТЛАС (ATLAS), режија Николо Кастели, 93 мин

Единствената преживеана во терористички напад во кој се убиени тројца нејзини пријатели се бори да ја надмине грижата на совест и омразата кон себе. Алегра е млада жена полна со живот и со страст за искачување на високи планини. Таа решава да отпатува во Мароко за да го искачи врвот на планината Атлас, но нејзиното патување ненадејно завршува кога бомба експлодира во кафуле и нејзините тројца пријатели загинуваат во нападот. Неможејќи да ја надмине траумата неколку месеци подоцна, таа се враќа во својот град, каде што средбата со Арад, млад муслимански бегалец, ја присилува да се соочи со реалноста, со своите стравови и да ги залечи длабоките внатрешни рани.

Разговор со Тања Милошевска, професор, Институт за безбедност, одбрана и мир, со научни интереси во транснационални закани по безбедноста, тероризам и организиран криминал

Тема: Насилен екстремизам и радикализам

Модератор: Јована Ѓорѓиоска филмски и театарски критичар,основач на Гледај.мк платформата

Tрејлер:

 

Сабота, 25 јуни 2022

20:30

СЕВЕРЕН ПОЛ, режија Марија Апчевска, 15 мин

Магливо попладне, преполна соблекувална. Марго не припаѓа нигде. Можеби ако ја изгуби невиноста, конечно ќе си го пронајде своето место.

21:00

ВСЕЛЕНСКОТО МОМЧЕ (SPACE BOY) режија Оливер Пару, 100 мин.

На само 11-годишна возраст, Џим е надарено момче со пасија за вселената и науката. Доселувајќи се во нов град со татко му, Џим треба да учествува на натпревар за млади научници со неговата нова соученичка Ема, која е чувствително и дискретно девојче. И покрај нејзината неволност, Џим ја убедува да го имитираат проектот „Екселсиор“ на Китингер (првиот човек кој стигна до границата на вселената во 1960 година) и тајно да направат вистински воздушен балон. Овој талент го наследува од својот татко, Греам, астрофизичар кој наскоро треба да оди на вселенска мисија. Бидејќи мајката на Џим е почината, овој проект му е многу важен. Но, кога открива дека Греам се откажал без да му каже, неговиот свет се распаѓа. Натпреварот се претвора во опсесија и Џим сака да докаже дека нема да се откаже како неговиот татко. Џим ја турка Ема до нејзините граници и ја вовлекува во авантура која ќе ги зближи.

Разговор со Радан Митровиќ, член на Скопското астрономско друштво  

Тема: Деца во наука, научна култура и ментална фискултура кај најмладите, работа во тим девојчиња и момчиња

Модератор: Јована Ѓорѓиоска, филмска и театарска критичарка и основач на Гледај.мк платформата

Tрејлер:

Subscribe To our newsletter!