По повод Светскиот ден на бегалците, 20 Jуни, Младински образовен форум, во партнерство со УНХЦР и Делегација на Европска Унија, ве кани на три проекции на филмот Welcome to Norway во режија на норвешкиот режисер Rune Denstad Langlo. Проекциите ќе бидат емитувани во просториите на Europe House во Скопје, Струмица и Крива Паланка.
Распоред и време на филмски проекции
Проекција на филм во Europe House Скопје – 20.06.2022 – 19:30 часот
Проекција на филм во Еurope House Струмица – 22.06.2022 – 18:00 часот
Проекција на филм во Europe House Крива Паланка – 23.06.2022 – 19:30 часот
По завршувањето на филмската проекција, ќе има дискусија на која учесниците ќе можат да разменат мислења и ставови околу содржината на филмот, како и да поразговараат повеќе околу различни теми поврзани со мигрантите, бегалците и барателите на азил. Дискусијата ќе ја води модератор.