Дебата за земјоделство во ЕУ резиденција - Europe House

7 Јун

BACK

Дебата за земјоделство во ЕУ резиденција

Шестта и последна дебата пред затворањето на изложбата „Розови тигри и златни гуштери и што уште не„ во Резиденцијата на ЕУ ја посветивме на земјоделството и неговото влијание врз економијата, животната средина и достапноста на храна.

Светот живее во ера на рапидна урбанизација која доведува до пад на бројот на жители во руралните средини и – за прв пат, мнозинството од светската популација живее во градовите. Прогнозите се дека до 2030 година 6 од 10 луѓе ќе живеат во град, а до 2050 година бројот ќе се зголеми на 7.

Индустријализацијата на земјоделството влијае врз производството на храна и прехранбените навики. Младите луѓе кои сега ќе започнат да се занимаваат со земјоделство ќе бидат генерацијата која ќе стави крај на гладот во светот и ќе помогне во справувањето со климатските промени.

Дали постојат можности за урбано земјоделство со оглед на растечкиот интерес за локално одгледани продукти? Колку млади семејства ги напуштаат градовите и дали младите луѓе се се’ повеќе оттргнати од земјоделството? Што треба да се направи за да се заштитат традиционалните и локално произведените производи?

Subscribe To our newsletter!