Оваа недела го започнавме одбележувањето на роденденскиот месец за Europe House Скопје!
Идејата зад програмата е да ја потенцираме важноста од зачувување на културното наследство и да ја пренесеме на генерациите кои доаѓаат.
Ликот и делото на еден од нашите најголеми ликовни уметници – Лазар Личеноски е нашиот фокус, за кои во соработка со Flu Skopje и со Национална Галерија – National Gallery – Galeria Nacionale подготвивме серија настани и за прв пат за јавноста ги отворивме вратите од спомен куќата на Личеноски.