Treebanks - пошумување во Ајватовци и Берово - Europe House

26 Ное

BACK

Treebanks – пошумување во Ајватовци и Берово

Здружение за заштита и обнова на животната средина Treebanks во рамки на својата хуманитарна и општествено одговорна работа ќе засадат 7 000 дрвца на две локации. Во село Ајватовци во Општина Илинден во петокот беа засадени 2000 дрвца. Вчера во беровското село Будинарци започна викенд акцијата, каде во првиот дел од акцијата се засадија 3500 дрвца!

На терен беа и Младите европски амбасадори.

Дрвјата помагаат да се исчисти воздухот што го дишеме, да се филтрира водата што ја пиеме и да се обезбеди живеалиште на над 80% од копнениот биодиверзитет во светот.

Шумите обезбедуваат работа за над 1,6 милијарди луѓе, апсорбираат штетен јаглерод од атмосферата и се клучни состојки во 25% од сите лекови.

Subscribe To our newsletter!