aWake водкаст Eпизода #1 - Europe House

17 Мај

BACK

aWake водкаст Eпизода #1

aWake водкаст Eпизода #1

aWake е воткаст чија цел е да создаде безбеден и инклузивен простор за жените да ги споделат своите приказни и искуства. Водкастот е дизајниран да негува меѓугенерациски и интерсекционален дијалог со здружување на жени со различни позадини во значајни разговори.

Преку лични приказни и искрени разговори, aWake обезбедува моќна и охрабрувачка платформа за жените да истражат низа теми и прашања кои влијаат на нивните животи. Без разлика дали сте млада девојка која штотуку започнува или сте ветеранка на животот, aWake ве поканува да се вклучите во разговорот и да бидете дел од движењето за родова еднаквост сега.

Зарије Амдиу-Реџепи има завршено универзитетски студии по сликарство на Факултетот за уметности во Тетово. Во 2015 година магистрирала ликовна уметност, специјализирана за конзервација и ревитализација на ѕидни слики, на Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Моментално работи во Националниот конзерваторски центар во Скопје. Нејзините дела се изложени на повеќе од 50 групни изложби во различни земји во светот.

Ангелина Спировска Муковска е академски сликар и лиценциран конзерватор за ѕидно сликарство. Додипломските студии од областа на сликарството со модул конзервација и реставрација ги завршуваво 2014 година, додека во 2015 година магистрира на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. Во моментов таа е вработена во НУ Конзерваторски центар – Скопје како конзерватор за ѕидно сликарство. Во 2023 година го продолжува своето стручно усовршување при Универзитетскиот истражувачки центар на одделот за конзервација – CSGI во Фиренца, Италија.

Subscribe To our newsletter!