Меѓународeн ден против хомофобија, трансфобија и бифобија - Europe House

17 Мај

BACK

Меѓународeн ден против хомофобија, трансфобија и бифобија

Меѓународниот ден против хомофобија, трансфобија и бифобија ја обои Резиденцијата на 🇪🇺 во боите на виножитото 🏳️‍🌈.

🇪🇺 и 🇺🇸 организираа настан за одбележување на #IDAHOBIT2022 преку дебата во присуство на Првата дама, амбасадори, активисти за човекови права, Интерпартиската парламентарна група за унапредување на правата на ЛГБТИ лицата, членови на заедницата и новинари. Се дискутираа напорите за промовирање и заштита на правата на LGBTIO+ лицата, вклучително и законските подобрувања и зголемен одговор од страна на државните институции кон препораките на институциите за човекови права и заедницата.

Говорниците изразија загриженост за последниот напад врз активистот Беким Асани во Тетово. Како никогаш досега е важно лицата кои стојат зад нападот да бидат набрзо ставени пред лицето на правдата и да нема толеранција за насилство и закани врз LGBTIO+ лицата.

Subscribe To our newsletter!