#YEA (Преспа форум)

Младата Европска Амбасадорка #YEA Ирена Шуменковска беше говорник на панелот на Преспа форумот посветен на идната генерација и темите од интерес на младите луѓе. Таа истакна дека емиграцијата на младиот кадар е пречка за економскиот развој и посочи дека при вработувањето главно мерило треба да биде образованието и стручноста.

 

Во Европската година на младите, време е навистина да го слушаме гласот на младите луѓе!

 

Посета на Шарл Мишел (Преспа форум)

Посетата на Шарл Мишел ,Претседател на Европскиот совет Council of the European Union на Охрид започна со презентација на Планинската спасителска служба при Црвениот Крст.

Поддршка на локалното претприемништво, заштита на традиционалното занаетчиство или промоција на туризмот – придобивките од ЕУ помошта се разнолики и влијателни.

Заедно со Амбасадорот Дејвид Гир и Младите Европски Амбасадори #YEA WeBalkans Претседателот Мишел ја посети куќата на Робевци и црквата Св. Софија како дел од богатото културно наследство на Охрид заштитено од #UNESCO.

 

EU4 Municipalities – Наградата за најзелена општина

Делегацијата на Европската Унија ја промовираше „Наградата за најзелена општина“ во рамките на нејзината кампања за подигање на свеста и промовирање на Зелениот договор на ЕУ.  На отворениот повик, објавен на 3 март 2022 година по повод Светскиот ден на дивиот свет, сите општини во нашата држава беа поканети да аплицираат со прикажување на нивните најдобри примери за управување со цврст отпад во 2021 година.

Осум општини – Берово, Центар (Скопје), Кавадарци, Охрид, Пехчево, Прилеп, Тетово и Зелениково учествуваа на повикот презентирајќи ги своите водечки активности со кои придонесоа за подобра животна средина во 2021 година. Одборот за евалуација, составен од експерти од Делегацијата на ЕУ, Гоу Грин, Еко-свест и претставник на Europe House Скопје ги стави Кавадарци и Прилеп во потесен избор за последователни теренски проверки за да ги проверат информациите презентирани во нивните апликации.

-Одборот за евалуација го препозна Прилеп како општина која најдобро ја покажа еколошката практика во областа на управувањето со отпадот во 2021 година. Амбасадорот Дејвид Гир ќе ја има честа да му ја врачи наградата за „Најзелена општина 2021“ на градоначалникот Јовчески на 6 Јуни 2022 година во Прилеп.

 

Адреналински парк (Сезона 2022)

Отворена новата сезона во Adventure Park Skopje во населбата Општина Карпош, Скопје!

Рекреативниот парк покрај адреналински дел, нуди игралиште за фудбал и одбојка на песок со трибини, реконструиран скејт парк, сквер и детско игралиште…рекреација и забава за сите возрасти.

Одлична алтернатива да поминете незаборавен ден со семејството и пријателите.

Спортско-рекреативниот парк е изграден со финансиска поддршка од Европската Унија!

 

#EuropeDay Мурал во Крива Паланка

Програмата по повод #EuropeDay2022 , Europe House Крива Паланка ја заокружи со муралот “Women Empowerment” на Бранкица Јордановска.

Со ова уметничко дело би сакале да отпочнеме пракса во нашиот регион на почесто негување на уличната уметност која освен што ги прави урбаните простори поуникатни, исто така го разубавува секојдневието на секој од нас.

Затоа ги повикуваме и другите институции/организации од нашиот регион се почесто во своите програми да вклучуваат/поддржуваат креирање на мурали и други видови на улична уметност.

Кафе Мола – уникатно доживување во Старата скопска чаршија

Приказната како дојдов до одлука за отварање на малиот локал Мола започна веднаш после пандемијата. 7 месеци останав без работа, во тој период постојано размислував што можам да направам… и така мислејќи скоро сите собрани пари ги потрошив и на крај се одлучив дека ако не направам еден чекор кон бизнисот  ќе останам и без работа и без пари… во чаршија одма најдов слободен дуќан… и така започна се`.

Со точност не можам да кажам зошто гостите постојано ни се навраќаат. Мислам дека кај нас повеќето доаѓаат за кафе во кокос.. цедени сокови, објавуваат на инста па нивните пријатели доаѓаат и така.. доста туристи не` посетуваат.

Во иднина би сакал да се проширам како локал бидејки сега имам само две маси и нема доволно место за сите.. и мојот совет за сите кои сакаат да започнат свој бизнис е да не губат време, ако имаат добра идеа и план веднаш да се фатат за работа!

 

Отворен повик за Млади Европски Амбасадори

Повик до сите млади активисти од Западен Балкан на возраст помеѓу 18 и 29 години.

Дали сте слушнале за мрежата на Млади Европски Амбасадори #YEA составена од креативни млади луѓе од регионот? Знаете ли дека можете да станете #YEA токму поради својот активизам и ангажираност?

Кажете #YEStoYEA и аплицирајте до 30 јуни 🔗 https://bit.ly/3MxiNic

Матурска парада 2022

Заменик Амбасадорот на ЕУ – Џулијан Васало, денес имаше свое поздравно обраќање до матурантите на традиционалната матурска парада.

„Вашиот голем ден пристигна. Заедно со вашите колеги европски матуранти, излезете и променете го светот, но прво одете и забавувајте се!

Честитки драги матуранти на Европа!

Subscribe To our newsletter!